Реал крева раце од Погба и се насочува кон друг француски репрезентативец: Нголо Канте?


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Шпанскиот весник „Спорт“ пренесува дека Реал Мадрид се интересира во своите редови да го донесе фудбалерот на Челси, Нголо Канте.

Францускиот фудбалер е меѓу најомилените, а бил миленик и на Зинедин Зидан кој притискал за негов ангажман.

За Канте постои интерес и од Јувентус чиј предводник, Маурисио Сари го тренираше минатата сезона во тимот на Челси.