„Билд“ открива: Томас Милер од јануари во италијански гигант


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер побарал да биде ставен на трансфер листа откако Нико Ковач воопшто не го користи во последно време.

Откако во тимот пристигнаа Иван Перишиќ и Фелипе Кутињо, Томас Милер има одиграно само 60 минути во вкупно пет средби.

Тоа го натерало да побара заминување уште во јануари, а германскиот „Билд“ пренесува дека Интер бил сериозно заинтересиран да го донесе во своите редови токму како замена за Иван Перишиќ.

Освен Интер, за Милер се интересираат и Арсенал и Манчестер Јунајтед кои исто така ќе се засилуваат во јануари. Оваа сезона 30 годишниот Милер има запишано еден гол и четири асистенции во дресот на Баерн Минхен.