Санчез претрпе нова повреда, нема крај на пеховите за Чилеанецот

Алексис Санчез претрпе нова повреда додека беше на репрезентативна должност со репрезентацијата на Чиле.

Фудбалската федерација на Чиле потврди дека фудбалерот го повредил левиот глужд и веднаш бил пратен во Милано каде ќе подлежи под специјален третман.

Санчез по преминот во Манчестер Јунајтед мака мачеше со повреди, а се чини дека истото ќе го снајде и во новиот клуб, Интер.