Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед веќе неколку сезони се наоѓа во голема криза, но се чини дека овој пат Црвените Ѓаволи го достигнаа врвот.
Јунајтед очајно игра во Премиер Лигата и се наоѓа на 12. место пред големото дерби против Ливерпул кој во првите осум кола оствари осум победи. Солскер е на мета на големи критики и многумина веруваат дека наскоро тој ќе добие отказ.
Тој во декември минатата година дојде на клупата на Јунајтед каде што го замени Жозе Мурињо, а после добрите резултати, клубот му даде три годишен договор и од тогаш се тргна наопаку за норвешкиот стручњак.
Англиските медиуми утринава објавија дека во Јунајтед пред неколку недели ги започнале преговорите со Максимилијано Алегри кој веќе неколку месеци е без работа откако доби отказ од Јувентус.
Дејли Мејл пренесува дека Алегри веќе се спрема за доаѓање во Манчестер, па одлучил дека на Олд Трафорд ќе му треба помошник и одлучил тоа да биде Патрис Евра кој како играч му оставил голем впечаток во овој клуб.