Агуеро имал сообраќајка пред тренинг-центарот на Сити (ФОТО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро учествуваше утринава во сообраќајка, која се случила пред тренинг-центарот на клубот.

Автомобилот кој го возеше претрпе голема штета, но за среќа фудбалерот помина без повреди и се наоѓа во добра состојба.

„Скај Спорт“ објави дека одличниот напаѓач го одработил цел тренинг со екипата, иако неговиот автомобил бил искршен и требало да се поправа.

Аргентинецот објави на Инстаграм слика од автомобилот и порача: „Какво прекрасно утро“.

„Граѓаните“ се подготвуваат за новите возбудувања во Премиерлигата, односно сребата против Кристал Палас, кој се игра следниот викенд.

Инаку, причината за сообраќајката на Агуеро не се познати. Тој пред две години во Амстердам исто така имаше сообраќајка и тоа додека се возеше во такси, но и тогаш помина без последици.