Пресврт во ситуацијата со Кавани, Уругваецот останува…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Единсон Кавани би можел да си замине од редовите на ПСЖ како слободен агент.

Неговиот договор истекува по крајот на оваа сезона и се шпекулираше дека тој ќе биде првото звучно засилување на Интер Мајами, новиот клуб на Дејвид Бекам. Во последно излегоа информации дека за Кавани се интересира и Атлетико Мадрид, меѓутоа голема е веројатноста тој да остане во Париз.

Тоа го потврди и негов близок пријател во интервју за францускиот медиум „Л’Екип“.

„Зошто Еди би заминал од Париз во јануари? Има шанса да игра за шампионите пред публика која го обожава. За иднината ќе видиме, одговорите ќе пристигнат во следните месеци, но зошто би заминал кога овде се чувствува прекрасно? “ –истакна пријателот на Кавани.