Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Стефано Пиоли не успеа да дојде до победа на дебитантскиот натпревар на клупата на Милан.
Росонерите одлично го одиграа првото полувреме против Лече, а на крајот мораа да се задоволат само со еден постигнат бод. Водеа до 92. минута кога ги шокираше Марко Калдерони кој беше стрелец за резултат од 2:2.
Настап на овој натпревар запиша и Раде Круниќ кој на теренот ги помина последните 30-тина минути од натпреварот.
Во изјавата по натпреварот босанскиот репрезентативец кажа дека веќе на првиот тренинг разговарал со Пиоли.
„Разговарав со него на првиот тренинг. Многу ми се допадна. Тој е искрен човек, ми кажа што очекува од мене. Ми покажа дека верува и заради тоа сум му многу благодарен“, изјави Круниќ.
Во наредното коло Росонерите на Олимпико ќе играат против Рома што е нов и потежок предизвик.
„Ќе излеземе посилни после овој натпревар. Против Рома нема да биде така лесно, но треба да гледаме напред и да ги држеме главите исправени, да се бориме на секој тренинг за да бидеме подобри и резултатите од натпреварите да бидат уште подобри“, рече Круниќ.