Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул вчера одигра 1-1 во дербито против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.
Редсите губеа до 85. минута, а тогаш Лалана погоди за изедначување и го спаси својот тим да не го запише првиот пораз оваа сезона.
Сепак, избраниците на Јирген Клоп одиграа добар натпревар, а тоа е мислењето и на поранешниот играч на овој клуб Џејми Карагер, кој смета дека Редсите не биле спремни за дерби.
Со сите осум победи од почетокот на сезоната и со очајната форма на Јунајтед, Ливерпул пред мечот беше фаворит, но тоа не го покажа на теренот.
„ Се се вртеше околу Јунајтед. Дуели, стартови, одиграа дерби, беа поагресивни. Ливерпул не беше спремен во првото полувреме за дербиот, за интензитетот на натпреварот“, изјави Карагер за Скај Спортс