Во Манчестер убедени дека ќе го обезбедат потписот на англискиот репрезентативец

Порталот близок до Манчестер Јунајтед, „Манчестер Ивнинг Њус“ пренесува дека „ѓаволите“ се убедени дека ќе го обзбедат потписот на Џејмс Медисон.

22 годишниот фудбалер е меѓу примарните трансфер цели на Оле Гунар Солскјер за летниот преоден рок, а наводно и тој изразил подготвеност да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.

Вчера се појави шпекулација дека тој ќе го продолжи договорот со Лестер, меѓутоа јасно е дека понуда од Манчестер Јунајтед би била многу попримамлива за него.