Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона славеа со 2-1 против Славија Прага во третото коло од Лигата на шампиони, а стрелец на едниот погодок беше Лионел Меси.
Меси погоди во третата минута ода мечот за предност на својата екипа, па така урна голем рекорд.
Аргентинскиот волшебник стана првиот фудбалер, кој постигнал гол во 15 сезони по ред во Лигата на шампиони.
Да потсетиме, тој првиот гол во натпреварувањето го постигна уште во сезоната 2005/06, поточно на втори ноември, а од тогаш одигра 138 меча, а постигна 113 голови.
Аргентинецот во листата на стрелци не се запиша во првите две кола од елитното натпреварување, но сигурни се Каталонците дека по голов, ќе почнат да доаѓаат и други.
Messi becomes the first player in history to score in 15 consecutive #UCL seasons ? pic.twitter.com/6SQtGam4k8
— B/R Football (@brfootball) October 23, 2019