Брестовац повика нов ракометар за мечот против Грузија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација се врати од Турција, кадешто одржа два подготвителн меча, па и во Скопје беше одржан тренинг заедно со сите ракометари.

Селекторот Данило Брестовац реши на местото на повредениот Милан Лазаревски да го повика Михаил Аларов, кој настапува како пивот во екипата на Тинекс Пролет, а тоа е за него прв повик во селекцијата.

Брестовац утре треба да донесе одлука кои 22 ракометари ќе бидат дел од првиот меч во Скопје против Грузија, кој се игра во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека следниот ден ќе се одржи уште една пресметка, но тогаш делот ќе биде од 16 часот.