Отфрлена тужбата на Њу Баланс, Ливерпул има нов спонзор на дресовите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот фудбалски клуб Ливерпул и претставници на Њу Баланс се најдоа на суд, а на последното рочиште Редсите беа ослободени од тужба.

Најк им даде понуда на Ливерпул да ја заменат фирмата со седиште во Бостон кога моменталниот договор со Њу Баланс во мај, но американската компанија на правниот суд инсистирала дека постои клаузула според која Ливерпул треба да го продолжи договорот со Њу Баланс.

Но, на крај е донесена одлука во корист на Ливерпул и Најк, па така Најк ќе ја има честа своето лого да го постави на дресовите на шампионот на Европа.

„Заклучив дека понудата на Њу Баланс околу маркетингот била неповолна за Ливерпул ФК за разлика од понудата на Најк“, соопшти главниот судија Нигел Теаре.

Најк наводно веќе ги спремил дресовите на Ливерпул за следната сезона, а за комплетен развој на дизајнот потрошиле околу 6 милиони фунти.