Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен напаѓач Иван Тричковски постигна хет-трик за само 19 минути во ремито на АЕК Ларнака против Енозис Паралимни во седмото коло од кипарското првенство.
Тричковски така стигна до деветтиот гол сезонава во кипарскиот шампионат, а вкупно 14 погодоци, откако даде пет на квалификациите за Лига Европа.
Македонскиот фудбалер ја погоди противничката мрежа во период од 46. минута до 65. минута, а два гола од нив беа пенали, но ниту тоа не му помогна на неговиот тим да ги освои трите бода.
АЕК во моментов е второпласиран со 11 бодови, но АПЕОЛ има одиграно само три меча и максимални девет бода.