Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона синоќа на домашен терен славеше против Ваљадолид со 5-1, а повторно неверојатен беше Лионел Меси, кој во новата победа на неговата екипа постигна два гола и две асистенции.
Аргентинецот беше расположен за игра, а цената ја платија фудбалерите на противничката екипа. Посебно тоа се однесува на Оскар Плано, кој Меси го „посрамоти“ во првото полувреме.
Плано се обиде да му ја земе топката на Меси, но аргентинскиот волшебник неочекувано ја турна топката меѓу нозете на фудбалерот на Ваљадолид.
Меси со овој дриблинг доби големи овации од трибините, а изразот на лицето на Плано откако разбра што му направи Меси стана хит на социјалните мрежи.