Трагедија во Хрватска, во тешка сообраќајка загина млад фудбалер

Во текот на вчерашниот ден, 16 годишниот фудбалер, Зоран Јакиќ починал во тешка сообраќајна несреќа.

Веста за смртта на младиот фудбалер ја потврди и неговиот клуб Мрачај преку социјалните мрежи.

До трагедијата дошло кога возилото слетало од коловозот, а во несреќата се повредени уште четири лица. Починатиот фудбалер седел на задното седиште на автомобилот, а како што пишуваат медиумите во Хрватска, сите повредени се малолетни, а малолетно лице го возело автомобилот од марката голф.