Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тутоспорт“ пишува дека Милан и Интер се во потрага по нови голмани, а еден од изборите на двата гиганти е Хуан Мусо.
Голманот на Удинезе прими дури седум гола против Аталанта, но и покрај просечните настапи на неговата екипа, успеа да ја зачува мрежата на четири меча во Серија А од стартот на сезоната.
Аргентинецот има 25 години, па најдоброто допрва се очекува од него, а токму поради тоа се заинтересирани и гигантите од Милано за неговиот потпис.
Самир Хандановиќ веќе е при крајот, па „нераѕурите“ бараат ново решение по неговото заминување, додека „росонерите“ уште се мачат со Џанлуиџи Донарума, кој нема засега потпишано нов договор.