Калјехон си заминува од Наполи во јануарскиот преоден рок


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот интернационалец кој долго време е во редовите на Наполи, Хозе Калјехон би можел да си замине од клубот во јануарскиот преоден рок.

Имено како што пишуваат италијанските медиуми, Калјехон ќе оди по стапките на неговиот поранешен соиграч, Марек Хамшик и кариерата ќе ја продолжи во Кина.

За Калјехон постои сериозен интерес од Далијан Јифанг кој во моментов е воден од Рафаел Бенитез и кој веројатно ќе остане без услугите на Јаник Фереира Караско кој ќе се врати во Европа.