Тренерот на Адеми збесна на прес-конференција: Доста ми е од циркусов, укинете го ВАР на време!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица целосно збесна по мечот против Шахтер на домашен терен. Хрватската екипа водеше со 3-1 до 93. минута, а потоа гостите израмнија на 3-3. Најпрво Мораше стрелаше за 2-3 во 93. минута, а Тете во осмата минута од судиското надополнување ги постави конечните 3-3 и тоа со помош на ВАР-технологијата.

Бјелица не можеше да се смири по ремито, па смета дека ВАР морал да се користи и во неколку претходни ситуации во корист на Динамо.

„Јас секогаш зборувам дека ВАР е обично с*ање. Ги убива емоциите, ја убива играта. Тоа е циркус. Погледнете само што се случува во Англија. Во Италија е најголемиот циркус. Укинете го ВАР додека е време“, порача Бјелица.