Сари синоќа го извади Роналдо од игра, а тоа никогаш не е паметно: Се плашев…


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристиjано Роналдо при крајот на вчерашниот натпревар помеѓу Локомотив од Москва и Јувентус доживеа несекојдневна ситуација во својата кариера бидејќи беше заменет.

Сари на местото на Португалецот го пушти Паоло Дибала, на Роналдо тоа не му се допадна и додека поминуваше покрај него му префрли некој збор и замина на клупата.

Сари исто така имаше нешто да му порача, а после натпреварот објасни зошто ја направи измената.

„Роналдо во овој момент не е во одлична форма, последните неколку денови имаше проблем со коленото, пробува да го надокнади тоа со додатен напор и така го става адукторот под уште поголем притиок. Уште за време на првото полувреме се забележуваше дека не е во ред, за време на спринтот тој направи движење кое не ми изгледаше добро и се плашев дека ќе се повреди и направив така како што мислев дека е најдобро за него, го извадив од теренот“, се правдаше Сари.

Сепак, Португалецот оваа сезона и не е во неговата топ форма. па во Лигата на Шампионите на само четири натпревари има постигнато еден погодок. Последниот гол од игра го постигна пред шест натпревари кога ја затресе мрежата на Болоња. После тоа беше само стрелец против Џенова и тоа од пенал.