„Луѓето во Зенит може да се срамат“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голема сага во последните часови од летниот преоден рок се направи околу трансферот на Аксвел Витсел.

Белгиецот со Јувентус се договори за се и во хотелската соба во Торино ги чекаше лекарските прегледи и потпис со шампионот на Италија, меѓутоа во Зенит се одлучија да го стопираат трансферот бидејќи не успееја да пронајдат замена за Витсел.

„Во Зенит може да се срамат што што не ја прифатија понудата од Јувентус од 25 милиони евра. Имам уште година дена од договорот и моја судбина е Јувентус. Сеуште ништо не сум договорил“, изјави Витсел.

Јувентус ќе проба да го доведе Витсел и тоа во зима, но најавени се значително помали пари да бидат понудени.