Швајцарецот ја дочека одмаздата за Вимблдон: Федерер му се реваншираше на Ѓоковиќ (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вечерва успеа да го победи Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови и се пласираше во полуфиналето на завршниот Мастерс-турнир во Лондон.

Федерер одигра фантастичен меч против Ѓоковиќ и така му се одмазди за поразот во финалето на Вимблдон од пред неколку месеци.

Швајцарецот успеа да ја заврши работата побрзо од очекуваното, па Ѓоковиќ загуби дури седум гема, а Федерер славеше со 6-4 и 6-3.

Федерер со многу емоции ја прослави победата, зашто успеа да ја прекине лошата серија против Ѓоковиќ, која трае речиси четири години.