Легендите го бранат Ѓоковиќ: Срамен потег на публиката го скрши Србинот!

Тениските ѕвезди ја нападнаа лондонската публика поради третманот на Новак Ѓоковиќ во мечот против Роџер Федерер.

Србинот нема да може да се врати на првото место на АТП-листата, зашто Федерер успеа да слави со 6-3 и 6-4.

„Мислам дека не е фер да аплаудирате при двојни сервис грешки. Тоа е премногу. Не е проблем кога публиката го поддржува едниот тенисер, тоа е избор, но мора да имате почит“, порача Грег Руседски.

„Тоа му влезе на Ѓоковиќ во глава, кога ќе направи двојна грешка слуша аплауз и тоа скапо го чинеше. Се скрши од тој момент во дуелот. Бев тажна поради Ѓоковиќ. Тој е шампион! Што треба да направи за да ја освои публиката? Играше одличен тенис и едвај доби аплауз “, порача Анабел Крофт.