Брутално забивање на Џејмс, Бјелица изгледаше како мало дете (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс синоќа на домашен терен успеаа да ја запишат десеттата победа и да ја продолжат победничката серија сезонава во НБА-лигата.

Лејкерс синоќа беа подобри од Сакраменто Кингс во возбудлив натпревар, во кој на крајот успеаа да излезат како победници со 99-97.

Победничкиот тим го предводеше Леброн Џејмс со 29 поени и 11 асистенции, а „кралот“ имаше и едно брутално забивање во финишот на првото полувреме, при што покажа дека годините се само бројка.

Богдан Богдановиќ играше одбрана на Џејмс, кој тргна во напад, а потоа на него налета Немања Бјелица, кој изгледаше како мало дете покрај „кралот“.