Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани синоќа влезе во одбрано друштво.
Неговиот Уругвај играше против Аргентина пријателска средба во Тел Авив, а истиот заврши со резултат од 2-2.
Кавани беше стрелец на еден од головите за својата репрезентација и со тоа влезе во одбрано друштво на јужноамерикански фудбалери кои за своите репрезентации постигнале барем по 50 голови.
Напаѓачот на ПСЖ во моментот е на цифра од 50 голови за Уругвај и се наоѓа на осмата позиција на оваа листа. Занимливо е што неговиот соиграч од репрезентацијата Луис Суарез е три места понапред со девет голови повеќе.
Освен нив двајца, на листата се Габриел Батистута (54), Ромарио (55), Нејмар (61), Роналдо (62), Лео Меси (70) и Пеле (77).
Иако Кавани веќе е во поодминати играчки години, сигурно покажа дека сеуште може уште многу да даде за националниот тим, само прашање е уште колку долго планира да игра за Уругвај