Тег му скрши прст на фудбалерот на Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез се здоби со бизарна повреда.

На крилниот фудбалер на Кралскиот клуб му падна тег на стапалота и притоа се здоби со скршеница на прстот.

ОВаа бизарна повреда Васкез ќе го одвои од теренот некое време. Не е познато колку, но сигурно ќе помине некое време надвор од теренот и нема да го гледаме на натпреварите против Реал Сосиедад, ПСЖ и Алавес.

Ова не е прв пат Лукас да биде повреден оваа сезона. Пред тоа имаше повреда на мускулот поради која пропушти еден месец и му направи проблеми за враќање во тимот.

Сега повторно се најде во проблеми и оваа повреда може многу да влијае на неговата иднина во овој клуб.

Васкез оваа сезона има одиграно девет натпревари и има постигнато еден гол и една асистенција.