Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот кошаркар на Партиз, Милт Паласио почина откако го удрил автомобил во Торонто. Тој им подлегнал на повредите утринава, откако бил удрен од Хонда.
Паласио за Партизан настапуваше во сезоната 2007/08 кога ја почна кариерата во Европа по седум години поминати во НБА-лигата.
Со „црно-белите“ во 2008 година освои тројна круна и во вториот дел од сезоната беше еден од подобрите кошаркари, па ја освои и МВП-наградата за март во Евролигата.
Од Белград се пресели во Химки, каде што не се снајде најдобро, а во Партизан се врати во 2009 година. Тогаш доби отказ по потпишување на договрот, зашто не се појави пред екипата на време.
Тренерската кариера ја почна во 2013 година како директор за развој на кошаркари на Универзитетот Ајдахо.