Драма во НБА-лигата: Поради „бомба“ кошаркарите бегаа од салата! (ФОТО)


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во „Вивинт Смарт Хоум Арената“ играа Јута Џез и Голден Стејт вориорс (113-109), а мечот го одбележа и една незгодна ситуација, во која полициско куче во салата намириса сомнителен пакет.

    Полициските службеници наредија на кошаркарите и навивачите во што е можно пократок рок да ја напуштат салата, но на крајот се покажа дека паниката била беспотребна.

    По двачасовна акција се покажа дека во пакетот, кој беше голем колку кутија за чевли, нема никаква бомба.

    „Бевме известени дека под маса во ресторанот стои сомнителна кутија. Не знаевме што се наоѓа во неа, па поради сигурноста на останатите, бевме приморани да ја евакуираме салата во случај на бомба“, порача еден од полициските службеници.