„Зидан се обиде да го киднапира Мбапе и да го задржи во Мадрид“


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид во рамките на 5. коло од Лигата на Шампионите на Сантијаго Бернабеу одигра натпревар против ПСЖ кој заврши со резултат од 2:2.

Кралскиот клуб водеше со 2:0, но на крајот сепак остана без победа откако Мбапе и Сарабиа во краток период од неколку минути успеаа да го изедначат резултатот.

Мбапе така пристигна во Мадрид каде што управата сака да го види во иднина како дел од овој клуб.

И Зинедин Зидан сака да го види младиот Французин во својот тим, а пред овој натпревар изјави дека е „заљубен“ во него.

„Доаѓа на Бернабеу како ривал. Мене ми е важно ние да одиграме добро. Знаеме колку е важен за ПСЖ и треба да бидеме подготвени“, изјави тренерот на Реал.

„Мбапе е заљубен во Реал? И јас сум заљубен во него. Овде доаѓа на многу важен тест.“, додаде Зидан.

Зидан и Мбапе синоќа се најдоа во интересна ситуација после која многумина на социјалните мрежи пишуваа за тоа како тренерот на Реал пробува да го киднапира Мбапе за да потпише за клубот од Мадрид.