НБА му нанесе голема неправда на Дончиќ (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Секоја недела НБА бира најдобри кошаркари во Источната и Западната конференција, но очигледно минатата недела направија пропуст.

Никој не вели дека Јанис Антетокумпо е погрешно избран за играч на неделата на Истокот, зашто членот на Милвоки Бакс оствари четири победи со просек од 34,8 поени, 11,3 скокови и четири асистенции.

Меѓутоа, наградата на Западот замина во рацете на ветеранот Кармело Ентони. Неговиот тим имаше три победи во три меча, а Мело постигна 22,3 поени во просек, додека младиот Словенец го урна Леброн Џејмс.

Исто така, го нема ниту Џејмс Харден, кој постигна 60 поени против Атланта, но НБА реши дека Мело треба да ја добие наградата.