Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус пропушти прилика да се врати на врвот на табелата во Серија А откако претрпе пораз во дерби натпреварот против Лацио со 3:1.
Јувентус поведе со голот на Роналдо во 25. минута, а резултатот го израмни Луиз Фелипе пред самиот крај на првото полувреме.
Во вториот дел можеби клучен момент беше црвениот картон на Квадрадо во 69. минута. По само пет минути Милинковиќ Савиќ погоди за водство на Лацио од 2:1, а конечниот резултат го постави Каиседо во 95. минута.
Чиро Имобиле пропушти прилика да ја зголеми бројката на своето голгетерско конто затоа што не успеа да реализира удар од 11 метри.
Головите погледнете ги на следниот ЛИНК