Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ до крајот на месецот треба да донесе одлука за својата иднина.
Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња ги напушти ЛА Галакси и покрај тоа што има 38 години тој не ни помислува на завршување на кариерата.
Множеството од клубови кои моментално се заинтересирани за услугите на Ибрахимовиќ се Болоња, Милан, потоа Наполи, а последен кој се вклучи во трката за потписот на Ибрахимовиќ – Евертон.
Ова го тврдат англиските медиуми, според кои управата на клубот од Гудисон Парк стапила во контакт со неговиот агент Мино Раиола за да видат дали Ибрахимовиќ е заинтересиран за враќање во Премиер Лигата.
Наводно, Карамелите му спремиле на Ибрахимовиќ понуда според која на годишно ниво би заработил четири милиони евра, а со тоа ќе стане најплатениот играч на Евертон, веднаш после Бернард.
Нема сомнежи дека сагата околу неговата иднина и понатаму ќе биде главна тема во спортските медиуми.