Манчестер Сити заинтересиран за фудбалер на Барселона

Пеп Гвардиола има сериозни проблеми оваа сезона кога се работи за последната линија од теренот.

Шпанецот мака мачи со повреди на клучните фудбалери од одбраната, а голем дел од оваа сезона е приморан во последната линија од одбраната да го игра Фернандињо кој не е класичен стопер.

Токму затоа, во јануари, Пеп ќе се обиде да го донесе фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити кој оваа година не е редовен под водство на Ернесто Валверде.

Умтити има запишано само пет настапи во дресот на Барселона во целата полусезона.