Рибери мора да оди „под нож“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По закрепнување од полесна повреда, Френк Рибери сега е во нови проблеми.

Имено, Рибери се врати на теренот, но по преглед на доктор, судејќи според се ќе мора на операција.

Тоа значи дека тој ќе оди на долга пауза со што ќе и донесе нови проблеми на Фиорентина.

Рибери ова лето стигна во Фиорентина како слободен играч по истекувањето на договорот со Баерн за кој играше уште од 2007. година.

Оваа сезона во Серија А има одиграно 11 натпревари со по два погодоци и по две асистенции.

Фиорентина е на 13. место во ова првенство и дефинитивно во редовите на Виолeтовите ќе биде мноу бурно во наредниот период.

Во сабота ќе го пречекаат Интер, лидерот на првенството и ова ќе биде голем испит за овој тим.