Анчелоти ќе биде назначен за тренер на Евертон пред викендот, но нема да го води тимот против Арсенал

„Скај Спортс“ потврдува дека Карло Анчелоти ќе биде назначен за нов тренер на Евертон пред потетокот на овој викнд, најдоцна до петок.

Италијанецот и дефинитивно ќе седне на клупата на Евертон, а од челниците на клубот добил ветување за големо вложување во летниот преоден рок.

Данкан Фергусон ќе го води тимот и на денешниот натпревар со Лестер, а и на натпреварот против Арсенал овој викенд, а потоа во понеделник ќе следи и официјална промоција на Карло Анчелоти.