Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Конечно може да дојде крај на голготата на Месут Озил кој долго време е на маргините во Арсенал.
Германецот не игра во добра форма и се почести се шпекулациите дека би можел да си замине од редовите на Арсенал.
Сепак, назначувањето на Микел Артета на клупата на „топчиите“ би можело да го спаси фудбалерот кој сака да игра во тим кој негува напаѓачки фудбал, а токму такво нешто најави Микел Артета.
Месут Озил со кратка порака на социјалните мрежи го поздрави враќањето на Артета во тимот.
„Добредојде назад во семејството на Арсенал, Микел Артета“ –напиша Озил и сподели фотографија со новиот стратег на Арсенал од времето кога двајцата играа во овој клуб.
Welcome back to the @Arsenal family! ??⚽️ @m8arteta #M1Ö #YaGunnersYa pic.twitter.com/xvXI72mkEE
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) December 20, 2019















