Директорот на Мастерсот во Рим бесен поради изјава на Ѓоковиќ и Федерер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, двата од најдобрите три тенисери на светот, ја критикуваа состојбата на теренот на Мастерсот во Рим. Пред крајот на годината, претседателот на тенискиот сојуз на Италија, Анџело Бинаги им одговори на тенисерите.

Федерер во текот на својот настап во престолнината на Италија кажа дека линиите биле лизгави, а притоа кажа дека состојбата на теренот била ужасна.

Тоа го изнервира Бинаги, кој кажа дека Србинот и Швајцарецот, немале почит кон организаторите, кои се мачеле со временските услови.

„Кога играте турнир во текот на неделата во која има многу сув воздух и паѓа дожд, нормално е да се лизгате. Кога некој ќе загуби, тој истиот веднаш бара изговори“, вели Бинаги.

Од друга страна, Фабио Фоњини се извини по критиките и кажа дека ги разбира организаторите на турнирот.