Зошто теренот на „Олд Трафорд“ пред секој натпревар се прска со лук?


ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред неколку недели кога Манчестер јунајтед играше против Ливерпул камерата на „Скај Спортс“ забележа момент кога теренот на „Олд Трафорд“ се прскаше со лук.

„Дејли Мејл“ пишува дека Јунајтед тоа го прави веќе пет години и досега се покажало ефикасно, по што останатите клубови почнаа ова да го применуваат.

Со помош на лукот се овозможува на инсектите да не ги уништуваат корените на тревата, поради што теренот на „Олд Трафорд“ е еден од најдобрите во Англија.

Сепак, проблем на оваа тактика е што мирисотво време на ветар може да се почуствува и на 500 метри одалеченост.

За среќа, навивачите кои доаѓаат на стадионот не го чувствуваат премногу мирисот бидејќи тактиката се применува еден ден пред дуелот.