Челси во јануари тргнува по германски напаѓачи


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Од редовите на Челси во јануари ќе бидат доста активни на трансфер пазарот откако им беше укината забраната за регистрирање на играчи.

Се верува дека „сините“ од Лондон се заинтересирани за одличниот напаѓач на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер.

Вернер оваа сезона има постигнато 23 погодоци и 10 пати се запишал во листата на асистенти во Бундеслигата.

За него долго време се интересира Баерн Минхен, но Челси има пари за трошење и е подготвен во јануари да искешира 80 милиони евра.