Анталија станува Мека за нашите клубови за зимски подготовки!

Одличните временски услови, големиот број на терени, неверојатни услови, се повеќе од доволна причина нашите фудбалски клубови да одработат зимски подготовки во Анталија. Во познатиот спортско – туристички комплекс во Турција оваа година ќе престојуваат рекордни десет наши клубови.

Работнички таму ќе се подготвува рекорден 15 пат, а годинава таму ќе одат на припреми и Шкендија, Вардар, Силекс, А.Пандев, Шкупи, Македонија ЃП, Струга Трим Лум за првпат. Оваа година на нашите прволигаши ќе им се придружат и Брегалница и Кит Го.

Тоа значи дека од 20. јануари, па до 10. февруари најдоброто од македонскиот фудбал ќе се пресели во Анталија.