„Л’Екип“ го избра Надал за најдобар спортист во 2019 година

Во својот традиционален избор, францускиот медиуми „Л’Екип“ бираше најдобри спортисти за минатата година.

За најдобар беше прогласен шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 513 бодови, а зад него беше воачот во Формула 1, Луис Хамилтон, кој имаше 100 бодови помалку. Третопласиран во изборот на францускиот медиум беше скијачот Марсел Хиршер.

Ова е четврта награда за Надал, а исто толку освоија и Роџер Федерер и атлетичарот Јусеин Болт.