Артуро Видал ја тужи Барселона, но никој не го очекуваше ова!


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Артуро Видал ги изненади челниците и навивачите на Барселона со одлуката да го тужи клубот поради неисплатен бонус.

Шпанската јавност е изненадена кога Видал потврди дека поднел тужба против клубот за кој моментално игра бидејќи наведува дека го нема добиено заслужениот бонус од 2,4 милиони евра.

Видал одлучил да ги контактира адвокатите и да им пренесе дека преку суд ќе си ги бара парите од Барселона. Овој потег на Чилеанецот ги изненади челниците на клубот, но и навивачите кои баш не се задоволни за овој потег на Видал.

Од клубот соопштија дека Видал не го заработил бонусот, бидејќи не го заработил на теренот. Исто така, во Барселона се разочарани бидејќи во 120 години на клубот до сега ни еден фудбалер не го тужел клубот.

Навивачите на Барселона му порачуваат дека веќе во јануари Видал може да си замине и да му се заблагодари за соработката бидејќи еден играч не треба така да се однесува. Интерес за Чилеанецот покажа Интер и сигурно е дека италијанскиот клуб ќе проба да ја искористи моменталната ситуација за да ја намалат цената на Видал.