Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лидерот во македонското првенство, Вардар, ќе ги одработи подготовките во туркса Анталија за каде закажа некоклу тешки тест средби.
Вардарци ќе играат против српскиот шампион Црвена Звезда, како и против украинскиот гигант Динамо Киев.
Противник ќе им биде и Хајдук, а ќе играат и против Мура и против Борац Бања Лука. Се очекува уште еден противник со кого Вардар ќе игра на 26. јануари.
„Прво да им честитам Нова година и Божиќни празници на сите симпатизери на Вардар. За нас ова ќе биде година во која ќе мора да ги потврдиме игрите од првиот дел, да бидеме уште подобри, да се подобриме во секое поле, и нормално сите ние и нашите навивачи посакуваме да ја заокружиме со титула. Што се однесува до подготовките, почнуваме на 9. јануари. Ќе тренираме во нашиот тренинг камп во Хиподром до 14. јануари, а потоа на 15. јануари заминуваме во Анталија каде ќе одиграме пријателски натпревари со цел да го издигнеме нашето ниво и нашиот систем на игра. Резултатите од контролите не се во прв план. Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготовени да го дочекаме пролетниот дел“, рече шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ:
20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)
23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)
26.01. – пријателски натпревар (противникот дополнително ќе биде објавен)
29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)
02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)
03.02. – Вардар – Мура (Словенија)