Црвена Звезда го продаде капитенот во Саудиска Арабија


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Поранешниот капитен на Црвена Звезда, Марко Марин ја напушти екипата и потпиша со Ал-Ахли од Саудиска Арабија.

Трансферот ќе изнесува 2,5 милиони долари, а договорот на Марин со екипата од С. Арабија ќе трае до крајот на 2021/22.

Марин во Звезда стигна во последните моменти од летниот преоден рок во 2018 година и остави длабока трага во белградската екипа.

За тоа време, 30-годишниот фудбалер одигра 58 дуели, а притоа постигна 11 голови и асистираше за уште 24 погодоци.

Марин ја почна кариерата во младинските селекции на Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах, за која дебитираше, а потоа играше уште за Вердер, Челси…