Македонија го почнува ЕП против стариот познаник – Украина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација денеска го почнува настапот на Европското првенство (ЕП), а во групата Б ќе играме против репрезентациите на Украина, Австрија и Чешка.

За македонските ракометари првиот предизвик на големото натпреваруавње е Украина, против која сите сакаат да тргнеме со победа, а досега сме имале две пресметки со нив.

Украина добро го памети поразот од шест погодоци во квалификациите за ЕП 2018, кога Македонија славеше со 27-21, додека вториот меч меѓу двете репрезентации заврши реми (27-27).

Украинците сигурно ќе сакаат одмазда за убедливиот пораз, но Македонија е еден од фаворитите на групите, па се надеваме дека ќе ја оправда улогата.

Да потсетиме, дуелот меѓу Македонија и Украина се игра вечерва од 20.30 часот.