Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус синоќа на гости ја совладаа Рома (1:2) во дербито од 19. коло од италијанската Серија А.
Старата дама го реши натпреварот во првите десет минути кога се стекнаа со водство од 0:2 со головите на Мерих Демирал и Кристијано Роналдо. Рома успеа да намали со голот на Пероти на 1:2, но се покажа дека тоа е конечниот резултат на натпреварот.
По натпреварот, Маурицио Сари не беше задоволен од играта на неговиот тим, бидејќи беше свесен дека Рома можеше да изедначи финишот во мечот.
„Игравме добро 60 минути и тогаш Рома изврши притисок и го диктираше темпото. Не ми се допадна што застанавме и што го чувавме водството наместо да се обидеме да постигнеме уште еден гол. Имавме три или четири контра напади и не ги искористивме. Среќен сум поради резултатот, но можеше да биде многу подобар “, рече Сари.
Италијанските медиуми беа заинтересирани да го коментираат потегот на Пауло Дибала кој беше видно незадоволен од замената на средината на втората половина.
“Искрено ќе ви кажам дека апсолутно не ми е гајле. Во нашата игра видов дека морам да сменам нешто и ја донесов таа одлука. Пауло може да го даде својот одговор на теренот и тоа е нормално. Никогаш не сум видел играч да го напушти теренот и да е среќен заради промената “, додаде тренерот на Старата дама.