Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најпознатиот англиски доктор Крис Вилсон е песимист кога станува збор за брзото враќање на терен на напаѓачот Хари Кејн.
Вилсон, најдобриот ортопед на Островот, вели дека излечил многу спортисти од слични повреди, па очекува Кејн да паузира шест месеци.
„Очекувам да поминат шест месеци пред да се врати Кејн на теренот. Постојат различни мислења, но според мене не треба за брзо да го очекуваме во акција“, вели докторот.
Првите шест недели мора да добива медицинска помош, по што вторите шест недели Кејн ќе може да прави основни вежби за истегнување. Дури по третиот месец се очекува почеток на нормална рехабилитација на тетивата.