Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Од редовите на Барселона денеска го потврдија ангажманот на 22 годишниот албански репрезентативец Реи Манај.
Манај игра на напаѓачката позиција, а во Барселона пристигнува од редовите на Албасете за сума од 700.000 евра плус 2 милиони евра изразени во бонуси.
Младиот напаѓач потпиша договор до 30 јуни, 2023 година, а во договорот е вметната откупна клаузула од неверојатни 50 милиони евра.
Манај на почеток ќе се приклучи на Барселона Б тимот, а доколку импресионира таму,ќе биде префрлен меѓу сениорите.
Инаку станува збор за албански репрезентативец кој веќе има собрано 11 настапи за најдобрата селекција на нашиот сосед.