Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем не е повеќе заинтересиран за Криштоф Пјонтек од Милан, па поради тоа Даниел Леви и тренерот Жозе Мурињо размислуваат за поинакви решенија.
Мурињо, наводно, сака засилување од неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, а изборот паднал на Лука Јовиќ, кој не е прв избор на тренерот Зинедин Зидан.
Како алтернатива се споменува Вилијан Хозе, кој сезонава постигна осум гола во Ла Лига, но сепак приоритет на Мурињо му е токму српскиот напаѓач.
Да потсетиме, Хари Кејн е надвор на терените од почетокот на јануари, а неговата улога во екипата е од огромно значење, па поради тоа Мурињо сака да најде некоја замена за да може да се бори за топ-4 позициите во Премиерлигата.