Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа се пласира во осмина финалето на Австралијан Опен.
Ѓоковиќ го победи Јапонецот Јошихита Нишиока со 3:0. За помалку од саат и пол му дозволи само седум гејма.
Новак доминираше од почетокот на мечот и заслужено се наоѓа помеѓу 16 најдобри на првиот Гренд Слем сезонава.
Србинот сервираше неверојатно во текот на мечот и процентот на погоден прв сервис беше на фантастично ниво. Имаше дури 43/46 освоени поени кога ќе го погоди првиот сервис, што му е еден од најдобрите учиноци во кариерата.
Наредиот ривал ќе му биде Диего Шварцман, Аргентинецот кој со 6:2, 6:3 и 7:6 го победи Душан Лајовиќ.
Понатаму помина и Унгарецот Мартон Фушовиц кој со 6:1, 6:1, 6:4 го надигра Томи Пол.