Навивачите во исчекување: Интер закажа медицински преглед со Ериксен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер и Тотенхем се договориле за трансфер на Кристијан Ериксен, а Данецот наскоро би требало да пристигне во Милано, каде што ќе има медицински прегледи.

Преговорите меѓу Интер и Тотенхем беа исцрпувачки, зашто траеле многу долго, па според најновите информации италијанскиот клуб ќе плати 18 милиони евра плус бонуси за потписот на Данецот.

Медицинскиот преглед на Ериксен е веќе закажан, а наводно тој потоа треба да потпише договор до 2024 година според кој ќе заработува осум милиони евра годишно.

Неговиот договор со Тотенхем завршува на крајот на сезоната, па Тотенхем мораше да го продаде за мала сума бидејќи во спротивно ризикуваше на лето да го загуби целосно бесплатно.

Медицинските прегледи на Ериксен ќе се одржат во понеделник, додека еден ден претходно Интер игра меч против Калјари.